Џон Драмонд, поранешниот тренер на американскиот спринтер Тајсон Геј, е суспендиран од атлетиката на осум години.
Суспензијата уследи откако беше потврдено дека Драмонд ги снабдувал своите атлетичари со недозволени допинг средства.
46-годишниот Драмонд беше член на американската штафета 4х100 метри, која на Олимписките игри во Сиднеј 2000-година го освои златниот медал.
Драмон му беше тренер на поранешниот светски шампион на 100 и 200 метри Тајсон Геј кој пред пола година заработи суспензија во времетраење од една година, поради користење на недозволени анаболици и стероиди.