Дел од студентите се упатија и на задниот, односно службен влез на Минестерството за образование и наука да го пречекаат министерот Адеми за да се поздрават со него, со оглед дека тој не сакаше да ги прими на дебатата.
Студентите и претставник од Хелсиншкиот комитет бараа да се легитимира еден од обезбедувањето во министерството кој им се обрати со зборовите:
„Бегајте од овде сељачишта едни“.
По краткото чекање не добија одговор за лицето кое ги навреди, а од министерството им соопштија дека министерот Адеми не дал позитивен одговор за нивно учество во дебатата за високото образование.