Менче Точи наградена од ХОПС за новинарска статија за сексуалните работници

Од:

Новинарката, Менче Атанасова Точи, од НОВА е добитничка на првата награда од Комисијата за избор на текстови од Здружението ХОПС- Опции за здрав живот, на тема „Сексуалната работа во Македонија“ по повод 17.декември Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Втората награда и припадна на Јана Јосифоска, за текстот „Сексуалните работнички жртви на конзервативните вредности“, а третата на Никола Крстиќ за „Ноќните дами во сива зона-државата глува на повиците за легализација или декриминализација“.

Целосните текстови кои се наградени се поставени на веб страницата и на фејсбук страницата на ХОПС.

Традиционално, ХОПС денска се придружи на Маршот на црвените чадори и ги поддржува сексуалните работници во нивната борба против насилството.

Би можело да ве интересира

Убиени се двајца новинари во Газа

Владата апелира медиумите кои емитувале видео и фото материјали од погребот на жртвите да ги повлечат

Трамп ги затвора радиодифузерите „Гласот на Америка“ и „Радио Слободна Европа“?

A1on

Влада донесе предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за медиуми

Предраг Петровиќ

Босанац: Не може да постои демократија без слободни медиуми и без граѓанското општество

Белата куќа им забрани на Ројтерс, АП и други медиуми да известуваат за состанокот на владата