Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево претпладне, а попладне, нестабилно со можност за врнежи од дожд во северозападните и југозападните предели, како и во источните предели.
Во останатите предели ќе биде претежно сончево со локална облачност во текот на целиот ден. Слаб ветар, претежно од северозападен правец. Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а максималните дневни од 20 до 30 степени.
Максималната дневна температура во Скопје ќе го достигне 27-от степен.