Македонското малцинство во Албанија го смета спојувањето на општините за чекор назад во почитувањето на малцинските права во областите Голо Брдо и Гора. Со ваква реакција се огласија денеска Македонско друштво „Илинден“-Тирана и Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Разгранок Голо Брдо.
„Верувавме во фер и правна одлука на Уставниот суд како независна институција и гарант на Уставот, но одлуката на Уставниот суд беше неправилна и разочарувачка“, се вели во реакцијата од друштвата.
Во спојувањето на општините, се вели понтаму во соопштението, не се почитувани демографски критериуми, географски, економски и културни посебности во Голо Брдо и во Гора.
„Спојувањето општини го отежнува животот на жителите во областа Голо Брдо и во Гора. За еден извод треба да се патуваат два часа“, стои во соопштението потпишано од претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, и од претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана, Разгранок Голо Брдо, Ули Халилај.
Мета