Нант доведе футсал играч како засилување

Од:

Членот на елитното фудбалско натпреварување во Франција, екипата на Нант, направи навистина смел потег, откако се одлучи да доведе играч во своите редови кој е репрезентативец на Франција, но во футсал!

Иако ова делува помалку неверојатно, а можеби и неочеувано, ова не е прв пат во историјата клубовите да се одлучуваат за ваков потег.

Тулуз неодамна во своите редови го доведе Висам Бен Једер, кој исто така претходно играше исклучиво футсал, а овој играч сега се смета за еден од најдобрите напаѓачи во лигата и најголемите европски клубови веќе се заинтересирани за него, пред се екипата на Барселона.

Слична е и намерата на Нант со Бафоде Дансоко, кој има 19 години и е повремен репрезентативец на Франција во футсал.

Дансоко потпиша договор на една сезона, но ќе може да настапува дури од следната година во дресот на „канаринците“ од Нант. Интересно, сеуште не е познато на која позиција овој млад играч ќе настапува, но се очекува тоа да биде на некоја од напаѓачките позиции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска

Гризман му даде поддршка на Умтити: Без него немаше да го освоиме СП, тој е примерен професионалец

Ана Ололовска