Кадиџа Исмаилова истражувачка новинарка од Азербејџан, која од 5-ти декември се наоѓа во затвор, испратила писмо во кое тврди дека е затворена поради разоткривање на корупција, пренесуваат медиумите.
-Драги пријатели, сите вие знаете зошто сум во затвор. Разоткривање на корупција е вистинската причина. Единствен начин да докажете дека репресивниот режим не е во право, е да продолжите да ја истражувате корупцијата и одбраната против угнетените. Да, потребно е да се плати цената – напишала Исмаилова.
Таа веќе неколку години е под притисок на властите, поради тоа што ги истражувала корупциските зделки на семејството на претседателот Илхам Алијев, кој што е син на поранешниот претседател Хејдар Алијев.
Минатата недела таа беше уапсена под обвинение дека наведувал новинар да се убие, така што ги убедила своите претпоставени да не го вработат. За тоа и се заканува затворска казна од три до седум години.
-Апсењата и ограничувањата се дел од нашата мисија да ја зборуваме вистината. Моето приведување е доказ дека е важно да се направи промена. Мора да изградиме реалност во која вистината е норма, за чие казнување не е потребна храброст – стои во нејзиното писмо.
Инаку Исмаилова е авторка на емисија на Радио Слободна Европа и членка на Проект за истражување на организиран криминал и корупција, поради што од 2012 година е изложена на физички закани и апсења.
Е. Г.