На петте одиграни натпревари синоќа во француската фудбалска Лига 1, дури четири завршија со победи на домашните екипи.
Единствено Монпеље не ја искористи предноста на домашниот терен. Иако во три наврати имаше предност против Ленс сепак на крајот натпреварот заврши без победник 3:3.
На средбите каде се радуваа домаќините постигнати се овие резултати: Нант – Бордо 2:1, Ремс – Евијан 3:2, Бастија – Рен 2:0 и Лориен – Мец 3:1.
Во петокот Олимпик Лион го совлада Кан со 3:0.
Денеска се играат преостанатите четири средби од ова коло, а се среќаваат: Ница – Сент Етијен, Гингамп – Париз Сен Жермен, Лил – Тулуз и Монако – Олимпик Марсеј.
Табела: Олимпик Марсеј 38 бодови, Париз Сен Жермен 37, Олимпик Лион 36 (+1 натпревар повеќе), Сент Етијен 32, Бордо 31 (+1), Рен 28 (+1), Нант 27 (+1), Монако 26…