„Илинден“ ги отфрла тврдењата на Институтот за бугарски јазик

Од:

Македонското друштво „Илинден“ од Тирана и разгранокот за Голо Брдо ги отфрла тврдењата на Институтот за бугарски јазик во Софија дека дијалектите на Македонците во Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник во Албанија биле бугарски дијалекти.

За Македонците во Албанија овие тврдења се груб фалисфикат на историјата и вистината.

– Според мапата која ја изработи Институтот за бугарски јазик во Софија, проект финансиран од фондовите на ЕУ, бугарски дијалекти се зборуваат во речиси цела северна Грција, цела Македонија и делови од Албанија и во голем дел од Србија.

Во Албанија ниту имало ниту има бугарски дијалекти, така било, така и ќе остане, стои во соопштеието на друштвото.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Албанија

ВИДЕО: Француски турист убиен во Ксамил поради наводна кавга за девојка

Семејство апелира за помош: Четиригодишно дете од Македонија исчезна на познато албанско летувалиште

Горан Наумовски

Во првата половина од годинава Албанија ја посетиле над 5 милиони странци

А1он

Полицијата и демонстрантите се судрија во Тирана

Силна бура ја погоди Албанија: Има загинати и повредени

Горан Наумовски