Екипата на Олимпик Лион ја оствари третата победа во низа во фудбалскиот шампионат на Франција.
Во воведниот меч од 18.коло на Лига 1, Олимпик Лион синоќа пред својата публика го совлада Кан со 3:0.
Александер Лаказет беше стрелец на два гола. Првиот од пенал во 7-минута, а вториот го постигна во 57-та. Конечните 3:0 за Лион ги постави Јасине Бензиа
Лион за кого ова беше пета победа на последните седум одиграни натпревари, со новите три бодови, сега е на само еден помалку зад шампионот П.С.Ж., односно два помалку во однос на лидерот на табелата Олимпик Марсеј.
Денеска во Лига 1 ќе се играат пет натпревари: Нант – Бордо, Ремс – Евијан, Бастија – Рен, Лориен – Мец и Монпеље – Ленс.
Во недела покрај дербито Монако – Олимпик Марсеј, ќе се играат и натпреварите: Ница – Сент Етијен, Гингамп – Париз Сен Жермен и Лил – Тулуз.
Табела: Олимпик Марсеј 38 бодови, Париз Сен Жермен 37, Олимпик Лион 36 (+1 натпревар повеќе), Сент Етијен 32, Бордо 31, Рен 28, Монако 26…