До 18 декември, онлајн купувачите можат да купат студент по уметност. Необичните огласи на групата студенти од Високата школа за уметност од градот Перпигнан во јужна Франција се појавија на eBay, како симболичен чин на протест против најавата за затворање на нивното уметничко училиште.
“Тоа е начин да го свртиме вниманието на нашиот проблем”, изјави студентка за францускиот весник „Фигаро“. Сите мислат дека училиштето е веќе затворено, па ова е начин да кажеме дека уште сме живи“.
„Анаис Перез, студентка на втора година, 22 години, само лична испорака”, гласи еден од вознемирувачките огласи, придружен со фотографија на млада жена која срамежливо се смешка кон камерата. Нејзината почетна цена е 2980 евра.
Целта на оваа продажба е да се поттикне свеста, поддршката и да се соберат средства за уметничко училиште, чие затворање е најавено за 2016 година.