Познати сите екипи кои се пласираа во нок аут фазата во Лига Европа

Од:

Со одигрувањето на натпреварите од шестото коло синоќа од Лига Европа познати се сите 32 екипи кои ќе играат во нок аут фазата во ова натпреварување. Двете првопласирани екипи од 12-те групи од Лига Европа и 8-те третопласирани од групите од Лигата на шампионите ќе ги продолжат натпреварите каде ќе се игра по принцип на елиминации.

Како првопласирани во групите од Лига Европа завршија следниве екипи: Борусија Менхенгладбах (А група), Бриж (Б група), Бешикташ (Ц група), Салцбург (Д група), Динамо Москва (Е група), Интер (Ф група), Феенорд (Г група), Евертон (Х група), Наполи (И група), Динамо Киев (Ј група), Фиорентина (К група) и Легија (Л група). Овие екипи заедно со четирите подоброрангирани од групите од Лигата на шампионите: Олимпијакос, Спортинг, Атлетик Билбао и Зенит се одредени за носители.

Второто место во групите од Лига Европа го освоија екипите: Виљареал (А група), Торино (Б група), Тотенхем (Ц група), Селтик (Д група), ПСВ Ајндховен (Е група), Днипро (Ф група), Севиља (Г група), Волфсбург (Х група), Јанг Бојс (И група), Алборг (Ј група), Генгамп (К група), Трабзон (Л група). На овие екипи во групата неносители ќе им се приклучат четирите екипи третопласирани од групите од Лигата на шампионите: Андерлехт, Ајакс, Ливерпул и Рома.

Извлекувањето на двојките за 1/16 финалето ќе се одржи во понеделник, а натпреварите се играат на 19 и на 26.февруари 2015 година.

Пехарот во Лига Европа го брани Севиља, а финалето ќе се игра на 27.мај во Варшава.

Би можело да ве интересира

Одложениот натпревар на Тотенхем со Рен нема да биде презакажан, соопшти УЕФА

Ана Ололовска

Лига Европа: Лион, Вест Хем и Ајнтрахт Франкфурт први ја минаа групната фаза

Ана Ололовска

Наполи поразен од Спартак, Елмас го израмни рекордот за најбрз гол во Лига Европа

А1он

Де Лаурентис е подготвен да потроши 10 милијарди евра за да создаде турнир што ќе ги замени ЛШ и ЛЕ

Ана Ололовска

Формирани групите во Лигата на Европа

Ана Ололовска

Рашфорд: Нема да се предадеме, жалиме за трофејот

Ана Ололовска