„Инстаграм“ го престигна „Твитер“

Од:

Сервисот „инстаграм“ на компанијата „Фејсбук“, според последните информации, брои повеќе од 300 милиони активни корисници, кои дневно споделуваат повеќе од 70 милиони фотографии и кратки видеозаписи.

„Инстаграм“ за четири години од постоењето успеа да ја достигне оваа бројка. Во март годинава сервисот броеше 200 милиони корисници, а доказ за неговата популарност и за забрзаниот пораст е фактот што значително постариот сервис „Твитер“ во овој момент има 284 милиони корисници.

Срвисот за споделување фотографии е под капата на „Фејсбук“ од април 2012 година, кога го купи за милијарда американски долари. „Фејсбук“, откако го купи „Инстаграм“, воведе мали промени, како на пример беџовите за проверени профили – кои ќе бидат воведени деновиве.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски