Во сабота втор протест во Битола

Од:

„Игнорантски однос на надлежните власти за загадениот воздух и префрлање на обврските од една на друга институција, е причината на 13 декември 2014 (сабота), во 11.30 часот, кај споменикот Стив Наумов во Битола, да биде организиран втор, уште помасовен граѓански протест, на кој битолчани ќе го изразат своето крајно незадовоство и револт кон локалната и централната власт.

Организаторите на протестот, здружението „За нас се работи”, остануваат децидни со своите барања кои вклучуваат поправка и замена на мерната станица Битола2 во центарот на градот, изработка на регистар на загадувачи и нивно фактичко обврзување да ги имплементираат еколошките стандарди. Крајната цел е доведување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола во границата на дозволените стандарди.

Organizatorot najavuva uste pomasoven protest vo sabota

Овој пат, организаторите инсистираат на прецизни рокови за исполнување на нивните барања и формално обврзување на институциите дека ќе постапат по барањата, заедно со прецизен план што конкретно ќе биде преземено за итно подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во Битола.

Мерењата покажуваат дека концентрацијата на ПМ честички на метар кубен во Битола во континуитет е повеќекратно зголемена над законски дозволеното  (50 микрограми на м3) и се смета за главен причинител што Битола е меѓу водечките места по краценогени заболувања во државата.

Своето крајно незадоволство од таквата катастрофална состојба на воздухот, минатиот месец го изразија над 3500 граѓани, на првиот масовен протест организиран од здружението „За нас се работи”, се вели во соопштението на здружението „За нас се работи“.

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

ССМ најави протест на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

„Кој е следен“: Ова не е борба меѓу партии, ова е борба меѓу чесните и корумпираните

Горан Наумовски