Експериментална вакцина развиена во САД на Универзитетот Вашингтон доведува до јакнење на реакцијата на имунолошкиот систем кај жените со рак на дојка.
Податоците собрани од 14 пациентки кај кои ракот на дојка бил во напреден стадиум покажуваат дека вакцината е сигурна и доведува до забавување на ширење на туморот.
Научниците додаваат дека позитивното влијание на вакцината е воочено кај речиси сите испитанички.
Влијанието на вакцината се темели на „целење“ на мамаглобинот-А, протеин кој во големи концентрации е присутен во туморите на дојка.
Стручното списание „Clinical Cancer Research“ пишува дека претераната експресија на мамаглобинот-А е присутна кај речиси 80 отсто од случаите на рак на дојка.