Работилница за креирање мобилни апликации

Од:

Невладината организација ЕЕСТЕК ЛК Скопје и Студентскиот парламент на ФИНКИ организираат еднонеделна  работилница за креирање и развој на мобилни апликации „Code App, Level Up 2“, наменета за доусовршување на способностите на студентите од техничките факултети.

– На  работилницата ќе има 12 странски и околу 40 македонски учесници кои ќе имаат можност да слушаат предавања од искусни предавачи, поделени во три модули: кодирање, дизајн и претприемништво. Со тоа ќе може да ги надоградат своите познавања како студенти и да излезат како поконкурентни на пазарот, соопшти ЕЕСТЕК ЛК.

Работилницата денеска во амфитеатарот на ФИНКИ ќе ја отвори министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски. Финалето на настанот е на 14 декември, кога тимовите ќе го презентираат својот краен продукт и како победник ќе биде избран само еден тим од стручно жири.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска