Забранет влез во СРД за Гаврилов: Се откажува од Канал 77 и најавува тужби

Од:

На сопственикот на радиото Канал 77, Горан Гаврилов не му беше дозволен влез во Советот за радиодифузија, а со него одби да се сретне и претседателот на СРД, Зоран Трајчевски. Гаврилов дојде во СРД за да добие одговори во врска со вчерашната одлука на членовите на Советот за промена на сопственичката структура на неговиот медиум.

Гаврилов за А1 тврди СРД донел поинаква одлука и спротивна на правната служба на ова тело кое заклучила дека е „чист“ и дека не е проблем да поседува медиум, иако неговата сестра е пратеник во републичкото собрание.

Гаврилов најави тужба против Трајчевски, но и дека радиото Канал 77 ќе го префрли во сопственост на друго лице со кое нема роднински врски. Тој најави дека тужби ќе поднесат и неговата жена и синот затоа што СРД им го ускратува правото на подарок.

На 30 септември истекува рокот што СРД го упати до сопствениците на медиуми, а според кој носител на функција или член на неговото потесно семејство не можат да бидат и сопственици на медиуми.

Документот со кој правната служба на СРД констатира дека Канал 77 нема проблем со членот 11 од Законот за Радиодифузија.

Предраг Петровиќ

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март