Силите на сириската армија успеаја да одбијат напад на џихадистичката Исламска држава врз главната воздушна база на исток во државата, во борби во кои на двете страни загинале десетици луѓе.
Базата во близина на градот Деир ел-Зор владата во изминатите месеци ја користеше за воздушни напади врз упоришта на ИД на границата со Ирак.
Исламска држава во четвртокот покрена голема офанзива врз таа воздушна база, едно од последните упоришта на владините трупи во покраината Деир ел-Зор. Според Сириската организација за човекови права со седиште во Лондон, од тогаш досега убиени се најмалку 150 луѓе на двете страни.