Во првиот натпревар од 17. коло во најдоброто француско фудбалско првенство, составот на Монако ја славеше и седмата победа оваа сезона (втора по ред).
Најзаслужен за трите бода е бугарскиот интернационалец Бербатов кој најпрвин по асистенцијата на Мартиал донесе водство, а конечниот епилог го постави од белата точка.
На табелата Монако се наоѓа на седмата позиција со со 26. бодови, додека Тулуз после деветтиот пораз е на 11-то место со шест помалку.
<