Бесплатен WiFi на сите линии во московското метро

Од:

Безжичната компјутерска мрежа ви-фи од 2 декември стана достапна во возовите на сите линии во московското метро.

Сите 12 линии на метрото во Москва, чија должина изнесува повеќе од 325 километри, со повеќе од пет илјади вагони, ќе имаат бесплатен интернет.

Прес-службата на московското метро соопшти дека ова е прв таков случај во светот.

– Во некои градови во светот постои ви-фи на станиците од подземните железници, но не и во вагоните, потврди прес-службата.

Во Москва оваа услуга е достапна само во вагоните, додека на станиците нема интернет мрежа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Напад на синагога и црква во Русија: Има мртви

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Москва ја опустоши невреме, се формираше торнадо: Најмалку две лица загинаа

Предраг Петровиќ

Ким Џонг-Ун: Ова е историски момент

Небензја: Русија ќе бара меѓународно признавање на нацистичките злосторства во СССР

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски