Менаџерот на Челзи Жозе Мурињо упати пофални зборови до своите фудбалери кои синоќа славеа убедлива победа над Тотенхем (3:0), а најмногу комплименти доби Дидие Дрогба кој го замени суспендираниот Диего Коста.
– Дали денеска се сеќавате на Диего Коста? Јас не. Тој ни треба ама не плачеме поради неговото отсуство. Останатите играчи ја преземаа одговорноста. Дрогба беше неверојатен. Тој пред сѐ е тимски играч, не е себичен, скромен е, се бори за својата екипа. Со еден збор фантастичен е, рече Мурињо.
Челзи по 14.коло во Премиер лигата е на водечката позиција со 36 бодови, шест повеќе од актуелниот првак Манчестер Сити и 10 од трето пласираниот Саутемптон.