Тренерот на Борусија Дортмунд, Јирген Клоп е познат по сликовитите изјави и контроверзните испади во јавност, а неговата последна се однесува на навивачите кои се жалат на лошите игри на неговиот тим.
– Сите оние кои сакаат само успеси нека постанат навивачи на Баерн, е изјавата на Клоп со која им прати порака на навивачите на Борусија дека клубот треба да се бодри и во тешките времиња.
Борусија Дортмунд сезонава во Бундес лигата се наоѓа во незавидна положба, а резултатската криза која трае придонесе актуелниот германски вицепрвак да се најде на последното место на табелата.
Најверните навивачи сепак остануваат со клубот и веруваат дека неговите миленици имаат сила и квалитет да се вратат на победничките патеки.
По 13 одиграни кола во Германското фудбалско првенство Борусија има само 11 бодови и биланс три победи, две нерешени средби и дури осум порази, најмногу од сите 18 бундеслигаши.