Брисел ги намалува за 17 милиони евра земјоделските субвенции за Грција

Од:

Европската комисија донесе одлука да ги намали за 17 милиони евра земјоделските субвенции за Грција за 2014 година, по истрагата со која се откриени можни измами од страна на грчките земјоделски производители.

– ЕК првпат ја применува оваа нова опција за управување со буџетот, но многу е важно правилата да се почитуваат, истакна во соопштение еврокомесарот за земјоделство Фил Хоган.

И покрај значителниот напредок земјата не успеала да го усогласи со европските норми својот систем за оценка кои земјоделски парцели кои можат да добијат субвении во рамки на Заедничката земјоделска политика, нагласи ЕК.

Комисијата истакна дека тоа било потврдено со истрагата, спроведена минатиот месец.

ЕК нагласи дека за да се избегне натамошно непотребно отпуштање на помош првпат ја применила оваа мерка.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки