Заврши средбата помеѓу Министерството за здравство и Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар. Првата средба покажала дека има простор за преговори, а следната е закажана веќе в понеделник.
Од Синдикатот потенцираа дека од сега нема да практицираат да даваат изјави за тоа како течеле преговорите, со цел да не го нарушат преговарачкиот процес. Во однос на барањата новоформираниот Синдикат „Маја Терза“ да не учествува во преговорите, велат не добиле конкретен одговор.
Претседателот на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, др. Дејан Ставриќ пред стартот на денешните преговори со Министерот за здравство Никола Тодоров, рече дека едно од првите барања кои денеска ќе ги стават на преговарачката маса е да се иземе од преговорите Синдикатот„ Маја тереза“.
Според Ставриќ, овој новоформиран, паралелн синдикат не е легитимен и со тоа нема никакво право во истовреме да преговара за барањата на лекарите со Самостојниот синдикат и Министерот на иста маса. Ставриќ алудриајќи на новоформираниот синдикат рече „Не знам кој се тие, Мајка Тереза или баба Зумбула, но ќе барам да се исклучат од преговорите“.
Од Синдикатот го потврдија ставот дека за време на преговорите лекарите протестите ќе ги стават во мирување. Се очекува преговорите да дадат резултат за несогласувањата кои лекарите денеска повторно му ги пренеле на Министерот, за незадоволство од новиот систем за плаќање по учинок, кој што предвидува наградување и казнување на лекарите, во зависност од тоа што сработиле во текот на денот, бројот на пациентите, интервенциите и операциите или прегледите.