Речиси 2.000 двојки се собраа на најголемото колективно венчавање во историјата на Рио де Жанеиро, јави Би-Би-Си.
Право да се венчаат на масовната градска венчавка имаа двојките со месечни приходи помали од 1.000 долари, а матичарите ги венчаваа про боно.
Околу 12.000 гости присуствуваа на свеченоста, која беше водена од група на претседателите на општини и со благослов на еден католички свештеник.
Свеченоста наречена „Денот Да“ се одвиваше во Марацаназинхо, место посветено на големи музички и спортски настани, а присутните беа забавувани од танчерите на самба Дуду Нобре.