Босанец убиен со чекани во САД

Од:

Полицијата во Сент Луис во Америка, уапси двајца малолетници, а во потрага е по уште две осомничени лица, поради убиство на еден Босанец.

Според соопштението на полицијата 32-годишниот Земир Бегиќ бил во својот автомобил кога неколку млади лица со чекани започнале да удираат возилото, а потоа и него го нападнале.

Во моментот кога бил однесен во болницата лекарите само ја констатирале смртта. Синоќа околу 50 лица во знак на протест поради убиството на Бегиќ кој во Сент Луис се доселил оваа година, блокираа една крстосница.

Локалниот весник „Пост Диспечер“ пренесе дека шефот на полицијата во Сент Луис разговарал со жителите во тек на протестот и им текол дека според нив убиството не е мотивирано од расна или етничка нетрпеливост.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Уапсен актер откако силувал и малтретирал девојка: Му се заканува доживотен затвор

ВИДЕО: Олуите и торнадата во САД однесоа 23 жртви, 300 илјади луѓе без струја

Пет лица загинаа во торнадо во Ајова, десетици се повредени

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува