Шокантно сведоштво на родителите на убиените кај Смиљковско: Али Ахмети знае се и молчи

Од:

Пред две и пол години Македонија беше во шок од велигденскиот масакр кај Смиљковско езеро. Четирите момчиња Александар Наќевски, Цветанчо Ацевски, Кире Тричковски и Филип Славковски, како и рибарот Борче Стевковски беа брутално ликвидирани.

Обвинетите за грозоморниот злостор Алил Демири, Африм Исмаиловиќ, Агим Исмаиловиќ, Фрејзи Азири, Хаки Азири и Сами Љута добија доживотен затвор, но родителите во шокантно сведоштво за последниот број на неделникот „Фокус“ тврдат дека на слобода се уште се шетаат неколкумина врз чии раце се наоѓа крвта на нивните деца.

slika-od-decata-monstrum

Тие се сомневаат дека некој во случајот „Монструм“ има статус на „заштитена мечка“.

„Лично сметам дека Али Ахмети знае се и молчи. Знаеме и дека скриените телефонски броеви кои што се наведуваат во пресудата, а преку кои осудените разменувале телефонски пораки, се од луѓе од владејачката коалиција“, велат за „Фокус“ родителите на убиените Александар и Филип.

Тие прашуваат кој е Али Ахмети да бара во целиот судски случај да се вклучи ФБИ.

Фото: Фокус
Фото: Фокус

„Зарем ние немаме институции. Нелогично е Ахмети да плука по сите македонски институции, да нема верба во нив, а од друга страна да уживаа во привилегиите што произлегуваат од тие институции. Али Ахмети продава ветер и магла. И она што премиерот Груевски дополнително го изјави дека Апелација може да одлучи дали да дојде ФБИ, е исто така, продавање магла“, велат родителите.

Тие обвинуваат дека нивните деца биле жртви на политички интереси.

Родителите велат дека нивните деца се убиени за пет пари.

„Ние повеќе не можеме да молчиме и допрва ќе кажеме се што знаеме“, вели еден од родителите.

Роднина на еден од осудените за Порталб изјави дека вистината за „Монструм“ полека се открива.

„Ние отсекогаш верувавме дека целата работа е за договорот за земјиштетот што го направивме. Не знам кој ќе гради и што ќе гради, само знам дека обвиненијата за убиство имаат врска со 39 хектари земјиште кои беа земени под концесија на 30 години во 2006-та“, изјави Бедри Ајдари за Порталб.

Родителите имаат право да ја знаат вистината без оглед дали ќе затресе или ќе урне нечија фотелја, пишува „Фокус“.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски