Во Младинскиот културен центар (МКЦ) вечер ќе се одржат три едукативно-забавни изведби со фацилитација на младинската претстава „Приказни од ходникот“ која содржи пораки за превенција на ХИВ, несакана бременост и други теми за млади од областа на сексуално здравје и права.
Претставата е дел од младинската кампања „Идеите ги споделувам гласно EECA YouthVoice иднината која ја посакувам“ во изведба на „Сенки и облаци“ со едукатори, во рамки на проект финансиран од фондацијата Staying Alive на Ем-Ти-Ви.
Кон регионалната кампања Youth Voice се приклучи мрежата на организации Y-PEER Македонија, а е со поддршка на Фондот за население на Обединети Нации-УНФПА.