Фудбалерите на Баер Леверкузен со петте голови во мрежата на Келн беа најефикасниот тим на денешните натпревари од 13.коло од Бундес лигата. Баер славеше победа од 5:1 против Келн, иако гостите поведоа со 1:0.
На другите дуели денеска беа постигнати следниве резултати: Шалке – Мајнц 4:1, Аугсбург – Хамбург 3:1, Херта – Баерн 0:1, Вердер – Падерборн 4:0.
На вчерашниот дуел Фрајбург – Штутгарт 1:4.
Вечерва се игра натпреварот Хофенхајм – Хановер, а ова коло ќе биде комплетирано со дуелите: Волфсбург – Борусија Менхенгладбах и Ајнтрахт – Борусија Дортмунд.
Табела: Баерн 33 бодови, Волфсбург 23, Баер Леверкузен 23, Аугсбург 21, Борусија Менхенгладбах 20, Шалке 20,…