Кочани ќе добие музеј на оризот

Од:

Покрај постојната Музејска збирка, Средновековните кули и Етно куќата, Кочани од наредната година ќе добие Музеј за оризот, во кој ќе бидат сместени сите артефакти од одгледувањето, производството и преработката на оваа земјоделска култура, која во кочанскиот крај е присутна повеќе векови.

– Иницијативата произлезе од вработените во Институтот за ориз во Кочани, установа која  осумдесетина години се занимава со семепроизводство и заштита на сортите ориз кои низ годините се произведувале во Кочанскиот крај и Македонија, вели Добре Андов, директор на оваа научна установа.

За потребите на музејот, Андов истакнува дека е определена и една од постојните згради во кругот на Институтот,  градена во 1927 година кога е формирана и Реонската опитна станица за ориз.

За реализација на Музејот, општина Кочани во рамките на програмата за локален економски развој за наредната 2015 година планира средства во износ од 8 милиони и 300 денари.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

Семејствата на загинатите во „Пулс“: Kај нас празниците болат најмногу, ги броиме празните столчиња

Предраг Петровиќ

Поради дефект на 110 киловолтниот долновод делови од Кочани без струја

Полицијата поднесе кривична пријава за директорка од Кочани

Мицкоски: Поддршка за семејствата од Кочани, правдата треба да ја донесе судот