Руси открија таблетка која ќе го продолжи животниот век

Од:

Руски научници открија антиоксиданс кој го одложува процесот на стареење, а новата формила ја тестираа на глувци и кучиња. Иако звучи како идеја од научно фантастичните филмови, таблетката која го одложува стареењето наскоро може да стане реалност, пишува „Дејли меил“.

Научниците сметаат дека со помош на новата таблетка, животниот век ќе се продолжи до 120 години.

– Голем број болести поврзани со старост во тек на истражувањето се одвиваа доста бавно- вели Максим Скулачев од универзитетот во Москва.

Тој и неговите колеги се надеваат дека таблетката може да влијае на митохондријата, дел од клетките кој што е одговорен за производство на енергија, но и за почеток на староста.

– Митохондрите се одговорни за срцевите удари, а се поврзани и со болести како Алхајцмерова и Паркинсонова – истакна Скулачев.

Новите лекови не би предизвикале драстично продолжување на животот, туку само би го одложиле стареењето.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он