Стајковци: Или ќе ја направите улицава, или нема децата да ги пуштаме на училиште

Од:

Од толку преродба, обнова и експанзија на градење патишта, не може ни една маалска улица да изгледа како што треба. Улицата долга 150 метри во Стајковци по извршените ископи за канализациска и водоводна мрежа е неупотреблива. Жителите на улицата 21, предупредуваат дека проблемот е децениски, трпението им попушта.

-Не може пеш да се помине улицата.`Од секогаш истата улица со мали врнежи се наоѓаше во незавидна состојба постојано е поплавена или постојано е во кал . Доколку не се поправи, во второто полугодие нема да ги пуштиме децата на училиште, бидејќи воопшто не може да се излезе од дворовите, предупредуваат тие.

DSC_0192

Веќе го известиле градоначалникот на Гази Баба, но нема реакција.

-Бараме најможна брза ваша реакција за санирање на овој наш долгогодишен проблем за кој веќе сте запознаени. Еднаш реагиравте на горенаведеното барање и слики, а еве како изгледа сега по реконструкцијата од страна на општината. Бевте присутни и ветивте дека ќе го санирате овој проблем за кратко но сеуште нема никаква реакција од ваша страна, реагираат жителите до градоначалникот на Гази Баба.

DSC_0193

-Како и претходно така и преку целата училишна година нашите деца и самите гледате дека нема од каде да поминат за да отидат до училиште (а да не заборавиме дека е 21 век).

-Веќе доволно имаме штети на возилата (кој никој не не прашува колку не чинат).

-Камионот за ѓубре не влегува на улицата приморани сме кантите за отпад самите да ги изнесуваме на главната улица и при тоа пак да ги вратиме назад до нашите домови газејќи преку водата.

DSC_0195

Трпението на сите ни е при крај, предупредуваат жителите во писмото до општината.

Би можело да ве интересира

МВР: Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување на в.д. директор на ЈКП “Гази Баба 2007”

Обид за убиство во Гази Баба: Испукал 11 куршуми кон познаник и кон неговата сопруга

30 дена притвор за убиецот од Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО бара притвор за двојниот убиец од скопското село Стајковци

Горан Наумовски

ОЈО за двојното убиство во скопското село Стајковци: Го убил братот и сопругата на починатиот брат

Горан Наумовски

Тепачка во Гази Баба: Момче се пресметало со неговите баба и тетка

А1он