Македонија 103. на најновата ФИФА рејтинг листа

Од:

Македонската фудбалска репрезентација забележа пад од четири позиции и сега се наоѓа на 103. место на најновото рангирање извршено денеска од страна на Светската фудбалска федерација – ФИФА.

Падот на „рисовите“ во однос на минатомесечното рангирање е резултат на поразот од Словачка во евроквалификациите со 2:0.

Од репрезентациите што во квалификациите за ЕУРО 2016 се во група со Македонија, најдобро пласирана е Шпанија – 9.место, Словачка е на 21.место, Украина се наоѓа на 26. позиција, Белорусија е 101.ва, а Луксембург на 129. место.

Во Топ 10 се наоѓаат: Германија, Аргентина, Колумбија, Белгија, Холандија, Бразил, Португалија, Франција, Шпанија и Уругвај.
Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 18 декември.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ