Романската армија во 2015 година ќе испрати 895 војници во мисии вон државата

Од:

Врховниот совет за национална одбрана на Романија одобри план за учество на припадници од вооружените сили на државата во мисии вон територијата со кој се предвидува во 2015 година да бидат испратени 895 романски војници.

Во соопштение од Советот се вели дека бројот на војниците што ќе учествуваат во мисии и операции во светот ќе биде намален за 416 луѓе во споредба со 2014 година.

Советот анализираше исто така барање од НАТО за засилување на учеството на романската армија во мисија на НАТО во Авганистан и одлучи романскиот контигент да биде зголемен во 2015 година со 450 војници.

Што се однесува до МВР на Романија, тие ќе учествуваат во мисии под закрила на НАТО, ЕУ, ОБСЕ и ОН со 1.183 припадници. Во споредба со 2014 година, бројот им се зголемува за 392 лица.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата