НАТО не размислува за зона за забранети летови во Сирија

Од:

НАТО не размислува за воспоставување на зона на забранети летови во северна Сирија, што Турција го бара за да го ублажи безбедносниот и хуманитарниот притисок на нејзината југоисточна граница, изјави генерал-полковник Џон Николсон.

Иако Турција нема упатено формално барање до НАТО за помош за воспоставување на зона на забранети летови, Анкара повеќе пати соопшти дека бебзедносната зона во Сирија би овозможила на дел од 1,6 милиони сириски бегалци да се вратат во домовите.

– Зона на забранети летови е потфат кој бара големи ресурси, истакна генерал-полковник Николсон.

Воените експерти истакнуваат дека за зона на забранети летови неопходна е дозвола од сириската Влада или користење на сириските напредни системи на противвоздушна одбрана, а со тоа западните сили уште повеќе ќе се инволвираат во тригодишната војна во Сирија и ќе ги налути сојузниците на сирискиот претседател Башар ал Асад – Русија и Иран.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата