Иран не ги сфаќа сериозно израелските закани за напад, но е подготвен да се одбрани, рече иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад.
„Во суштина ние не ги сфаќаме сериозно заканите. На располагање ги имаме сите одбранбени средства и подготвени сме да се одбраниме“, изјави Агмадинеџад.
Амир Али Хаџизадех, бригаден генерал на иранската Револуционерна гарда, изјави дека Иран би можел да изведе превентивен напад над Израел, доколку е сигурен дека Израел се подготвува да нападне.