Холанѓанецот Хуб Стевенс е новиот тренер на Штутгарт, соопшти денеска бундеслигашкиот клубот.
Стевенс седеше на клупата на „швабите“ последните девет натпревари од минатата сезона и го спаси клубот од испаѓање.
61-годишниот холандски стручњак ќе го замени Армин Фех кој вчера поднесе оставка по серијата лоши резултати.
Во моментов Штутгарт е на последното место на табелата во Германското фудбалско првенство со само девет освоени бодови на 12 натпревари.