Тренерот на Штутгартр Армин Фех поднесе оставка ден по вчерашниот пораз од Аугзбург со резултат 1:0 по што бундеслигашот остана на дното на табелата.
Фех кој го предводеше Штутгарт пред седум години до шампионскиот трофеј во Германското првенство, повторно го презема клубот на почетокот на сезоната, но по три порази во серија и при тоа без постигнат гол, реши да го напушти тренерското место.
– Ова беше тешка одлука поради тоа што и тимот и играчите ми беа при срце. Сепак само девет бодови од 12 натпревари е премалку, изјави Фех во образложението на оставката.
Се очекува клубот во најскоро време да назначи нов тренер кој ќе се обиде да го извлече Штутгарт од незавидната ситуација.