Градот Гренобл е прв во Европа кој ги отстранува рекламите од улиците

Од:

Градските власти во Гренобл, предводени од градоначалникот Ерик Пиол, кој се залага за екологија, одлучиле од улиците да се отстранат сите рекламни паноа и на нивно место да се засадат дрвја, што досега не е забележано никаде во Европа.

Раководството на овој француски град вчера соопшти дека нема да го обнови договорот со рекламната компанија „ЈЦДеко“, јави Танјуг.

– Одлучивме да го ослободиме од рекламите јавниот простор во Гренобл и да развиеме простор за јавно изразување, се наведува во соопштението.

Тоа значи дека од јавниот простор во градот ќе исчезнат сите 326 рекламни панои, кои досега заземале вкупно 2.051 квадратен метар. Демонтирањето ќе трае четири месеци, а реклами засега ќе има само на натстрешниците на автобуските станици.

Наместо рекламните паноа, градските власти ветуваат дека до пролет ќе засадат педесетина млади дрвца.

Според градоначалникот Пиол, кусокот пари во градската каса, кој ќе следи како резултат на овој потег, ќе биде надоместен од заштедените буџетски срдества.

Досега ваков потег има направено само бразилскиот град Сао Паоло.

Би можело да ве интересира

Во пожар во штала во Франција изгореа 70 тркачки коњи

A1on

Левичарските партии во Франција заедно излегуваат на избори против Макрон и Ле Пен

Макрон го распушти собранието и распиша избори за 30 јуни

A1on

Тежок пораз на Макрон на европските избори, Ле Пен ја запечати победата

A1on

(ВИДЕО) Франција изгуби контрола на делови од Нова Каледонија, истрели и експлозии одекнуваат низ островот

ВИДЕО: Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот