Столтенберг: Приоритет на НАТО е исполнување на планот за реагирање на нови закани

Од:

Приоритет на НАТО е исполнување на планот за дејствување во одговор на нови закани, изработен на самитот во Велс во септември годинава, изјави денеска генералниот секретар на алијансата Јенс Столтенберг, пренесува ТАСС.

– Нашите напори се насочени кон тоа планот да биде целосно исполнет и во поставените рокови, изјави тој, додавајќи дека тоа ќе биде гаранција за колективна безбедност, залог дека новите закани ќе добијат проактивен одговор.

Според Столтенберг, најважно е да се надмине тенденцијата на партнерите во Алијансата постојано да ги намалуваат трошоците за одбрана.

Столтенберг го осуди распоредувањето на руски војници и опрема на границата со Украина, како и движењето на сили во Укриана кон линијата на примирје. – Тоа е многу сериозно, бидејќи целосно го саботира договорот од Минск, го разгорува конфликтот и води кон нови кршења на примирјето, изјави генералниот секретар на НАТО, кој се наоѓа во посета на Балтичките држави.

– Повикуваме Русија да ги повлече војниците, истовремено да се повлече од Источна Украина и границата, што ќе придонесе за значително намалување на тензиите, нагласи Столтенберг.

Би можело да ве интересира

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Петер Сијарто: Унгарија нема да учествува во иницијативата на НАТО за помош на Украина

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата