И покрај судската забрана, притисок од директорите па дури и закани за затвор, лекарите денеска излегоа на предупредувачки протест. Ја искористија получасовната пауза и наместо на одмор, излегоа на протест да го изразат своето незадоволство од новиот систем за плаќање по учинок, кој што предвидува наградување и казнување на лекарите, во зависност од тоа што сработиле во текот на денот, бројот на пациентите и тежината, интервенциите и операциите или прегледите.
Според проценките на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, приближно 500-тини лекари денеска излегоа да го изразат своето незадоволство, одзив според нив сосема задоволител со оглед на заканите и притисоците од страна на власта.
Претседателот на Синдикатот, доктор Дејан Ствариќ посочи дека имало опструкции на клиниките за кардиологија, нефрологија, токсикологија, неврохирургија и стоматологија. Според Ствариќ директорите правеле психолошки притисок, а некаде имало дури и закани за затвор.
Ствариќ посочи дека предупредувачкиот штрајк не се одразил врз пациентите. Во секоја Клиника, амбуланта и операциона сала имало дежурни лекари кои ги опслужувале пациентите кои имале потреба од лекарска помош. Иако за денеска беше планиран генерален штрајк, тој беше оневзможен од тужбата на министерот за здравство и експресната одлука на судот штрајкот да биде забранет. Сепак според насобраните лекари бројката на присутни покажува дека незадоволството е големо и дека Министерството не треба да остане глуво на нивните забелешки и барања.
Овој модел не е добар, има многу аномалии, некој што работел е казнет, а некој што не работел се наградува. Со овој модел се занемарува квалитетот“, вели Ставриќ.
Според доктор Каролина Гривчова Старделова, бројката на излезени лекари покажува дека многу интелектуалци се незадоволни.
Докотр Милчо Пановски вели: „Не ми е јасно што мисли Министерот со неговата ароганција, не знам каде мисли дека ќе стигне, но ако продолжи вака неуспехот ќе го платат пациентите“.
Синдикатот во утре ќе има средба со министерот за здравство, Никола Тодоров, да разговараат и преговараат за нивните барања.
Ставриќ вели дека тие не отстапуваат од своите барања.