ВИДЕО: Лекарите излегоа на мирен протест во дворот на клиничкиот центар

Од:

И покрај судската забрана за штрајк, лекарите денеска ја искористија получасовната пауза од 11:30 до 12:00 часот и излегоа на штрајк, во дворот на Клиничкиот центар. Според проценките на Самостојниот синдикат на Клиничкиот центар, приближно 500-тини лекари денеска излегоа да го изразат своето незадоволствоод новиот систем за плаќање по учинок и со барање за зголемување на платите.

Лекарите протестираат против моделот за плаќање по учинок, кој што предвидува наградување и казнување на лекарите, во зависност од тоа што сработиле во текот на денот, бројот на пациентите и тежината и интервенциите и операциите или прегледите.

Од Синдикатот изјавија дека протестот се одржа за време на паузата, и дека во секоја Клиника, амбуланта и операциона сала имало дежурни лекари кои ги опслужувале пациентите кои имале потреба од лекарска помош. Иако за денеска беше планиран генерален штрајк, тој беше оневзможен од тужбата на  министерот за здравство и експресната одлука на судот штрајкот да биде забранет.

Од Синдикатот велат дека одзивот на лекарите е задоволителен, со оглед на заканите и притисоците од страна на власта.

Претседателот на Синдикатот, доктор Дејан Ствариќ посочи дека имало опструкции на клиниките за кардиологија, нефрологија, токсикологија, неврохирургија и стоматологија. Според Ствариќ директорите правеле психолошки притисок, а некаде имало дури и закани за затвор.

„Овој модел не е добар, има многу аномалии, некој што работел е казнет, а некој што не работел се наградува. Со овој модел се занемарува квалитетот“, вели Ставриќ.

Според доктор Каролина Гривчова Старделова, бројката на излезени лекари покажува дека многу интелектуалци се незадоволни.

Докотр Милчо Пановски вели: „Не ми е јасно што мисли Министерот со неговата ароганција, не знам каде мисли дека ќе стигне, но ако продолжи вака неуспехот ќе го платат пациентите“

Синдикатот во вторник во 13 часот ќе има средба со министерот за здравство, Никола Тодоров, да разговараат и преговараат за нивните барања.

Ставриќ вели дека тие не отстапуваат од своите барања, ниту од тоа платите да им бидат зголемени за 100 отсто, барање, кое категорично го оспори министерот Тодоров.

Би можело да ве интересира

Времено отстранети двајца доктори од Детска клиника, за кои се води дисциплинска постапка за смртта на 14-месечното бебе

Предраг Петровиќ

Укината забраната: лекарите од приватното ќе може да се вратат во јавното здравство

Катерина Ѓуровски

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство