Нормализирана наставата во најголемото основно училиште во Охрид

Од:

Наставата во најголемото основно училиште „Григор Прличев“ во Охрид од денеска повторно се одвива според редовиот распоред, откако вчера објектот повторно беше приклучен во електричната мрежа.

Струјата во образовната установа беше исклучена од минатиот вторник, кога ЕВН ја прекина доставата на електрична енергија поради неподмирен долг.

Разврската околу измирувањето на долгот беше добиена откако поради настанатата ситуација вонредно заседаваше градскиот Совет, кој донесе одлука Општината да ја преземе обврската за исплата на долгот кон ЕВН.

Неколку дена по исклучувањето се до вчера наставата во училиштето се одвиваше со скратени часови.

Инаку, ОУ „Григор Приличев“ веќе девет месеци работи со блокирана сметка поради доспеано извршно решение за надомест за експропријација на земјиште по побарување од 1989 година

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките