ОН: Светот би можел да ја победи СИДА-та до 2030 година

Од:

Светот треба да ги зајакне напорите за борба против СИДА-та, за да ја совлада епидемијата до 2030 години, бидејќи во спотивно таа би можела да излезе од контрола, предупредија ОН во извештај презентиран синоќа во Лос Анџелес.

Претставниците на ОН апелираа до земјите кои се најтешко погодени со ХИВ/СИДА да преземат засилени мерки за справување со болеста, со цел да се избегне опасноста од неа да починат 21 милиони лица.

– Имаме пет години во кои засекогаш би можеле да ја совладаме епидемијата или ќе гледаме како таа се шири и излегува од контрола, изјави генералниот директор на Програмата на ОН за борба портив ХИВ/СИДА, Мишел Сидибе.

Според планот на ОН, до 2020 година треба да се оствари формулата „90-90-90“, одноосмо 90 проценти од инфицираните со ХИВ треба да знаат дека се заразени, 90 проценти од серопозитивните треба да се лекуваат и 90 проценти од заболените треба да бидат лекувани.

По ова, во 2030 година, оваа фромула треба да се замени со „95-95-95“, со што ќе се избегне опасноста од СИДА да заболат речиси 285 милиони лица, се посочува во документот.

Основа за ваков оптимизам ОН наоѓаат во успешните резултати постигнати со досега применетите мерки. Во текот на 2013 година бројот на новоинфицирани со ХИВ се зголеми за 2,1 милиони, што претставува намалување за 38 отсто во споредба со 2001 година. Во периодот од 2005 до 2013, смртноста на заболените од СИДА е намалена за 35 проценти.

ОН планираат до 2020 година бројот на новоинфицирани да се сведе на 500.000 годишно, за што ќе бидат потребни 35,6 милијарди долари.

– Ако во секој човек инфициран со ХИВ инвестираме по само три долари, во следните пет години ќе ја совладаме епидемијата, нагласи Сидибе.

Би можело да ве интересира

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он