Јорданската кралица Ранија денеска апелираше до арапскиот свет одлучно да се спротистави на обидите на исламските екстремисти за негативно претставување на Блискиот Исток и исламот.
– Нашиот молк е најголемиот подарок за џихадистите од групата Исламска држава. Ние сме соучесници во нивниот успех Блискиот Исток и исламот да го прикажуваат во негативна конотација, посочи Ранија.
Таа наведе дека борбата против меѓународната коалиција против ИД и борбата за иднината на Блискиот Исток и за исламот. Јорданската кралица потенцира дека треба да се стави крај на екстремизмот и оти треба да се инвестираат средства во квалитетно образование за сите деца и за создавање на работни места.
– Едно малцинство од безбожни екстремисти ги користат социјалните мрежи за повторно да ја напишат нашата историја, да го заробат нашиот идентитет и да го променат нашето лице, истакна кралицата Ранија.
Додека таа зборуваше на екранот зад неа се емитуваа кадри од насилствата и разурнувањата од џихадистите.
– Овие кадри се во спротивност за поголем дел од Арапите, независно дали се муслимани или христијани. Овие кадри треба да предизвикаат гнев кај секој Арап од регионот бидејќи тие се напад врз нашите вредности и нашата колективна историја, истакна јорданската кралица.