Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром го забележаа четвртиот последователен пораз во АБА лигата или вкупно шести сезонава во која имаат остварено само две победи. Тимот предводен од Боби Митев синоќа во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Металац со 58:64, по четвртини 13:18; 17:14; 14:11 и 14:21.
Сеад Шеховиќ со 16, Дамјан Стојановски со 13 и Александар Цветковиќ со 12 поени беа „двоцифрени“ во домашниот состав, додека најдобар играч кај Металац Никола Малешевиќ со 23 поени.
Резултати на другите четири натпревари од 8.коло во АБА лигата: Олимпија – Игокеа 72:70, Левски – Партизан 66:98, Задар – Будуќност 61:73, Мега Визура – Шолнок 80:85, Црвена ѕвезда – Крка 85:78 и Цибона – Цедевита 69:71.
Табела: Црвена ѕвезда 8-0 (победи-порази), Будуќност 7-1, Цедевита 6-2, Крка 5-3, Унион Олимпија 5-3,…