Пачовски ја доби УЕФА Б дипломата

Од:

Македонскиот репрезентативен голман и капитен Томе Пачовскија прими УЕФА Б Диплома, откако со успех го заврши курсот за тренери.

На собиорт на репрезентацијата за натпреварот против Словачка, Пачовски официјално ја доби УЕФА Б дипломата врачена од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Илчо Ѓорѓиоски.

Со ова Пачовски покажува дека размислува за иднината и дека негова определба повторно е фудбалот.

– Се определив за тренерска работа од многу едноставна причина. Јас тоа го знам и го разбирам и се надевам дека по завршувањето на играчката кариера ќе покожам и дека можам да бидам добар тренер. Планирам да почнам да работам со млади категории а посебно со голмани. Знам дека следи семинар за тренери на голмани и моја определба е да ги следам сите трендови во тренерската работа за да можам да бидем во тек со сите новости. Се заблагодарувам на ФФМ и луѓето во Центар за Едукација на тренери со кои го поминав првото ниво на тренерска едукација, изјави Пачовски.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува новост – што значи кога фудбалер ќе покаже „Х“

Предраг Петровиќ