За совет на „Ало докторе“ 9.686 повици за два месеца

Од:

На телефонската линија 02/15123 за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите два месеца се регистрирани 9.686 јавувања, а само во тек на вчерашниот и завчерашниот ден 273.

Јавувањата на телефонската линија за медицински совет се од граѓани од сите градови во Македонија, соопшти денеска  Здравствен дом Скопје.

На сите граѓани кои се јавиле им е дадена медицинска помош преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија. На сите лица кои се обраќат преку линијата „Ало докторе“, а поради итноста за здравствената состојба за која се јавиле, повикот им е пренасочен од дежурните специјалисти кон службата за итна медицинска помош.

Јавувањата на 15 123 се со ширпк спектар на најразлична симптоматологија, кардиовасуларни, респираторни симптоми, совети за покачена телесна температура, за исхрана кај најмалите и симптоми на болка.

Секој ден од 18 до 22 часот во кол центарот „Ало докторе“ за медицински совет се дежурни и достапни за здравствен совет директорите на јавните здравствени установи. Денеска во кол центарот на „Ало докторе“ од 18 до 22 часот ќе биде дежурен д-р Слободан Ѓорѓиевски од ЈЗО Здравствена станица Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, а утре проф.д-р Бисерка Ќаева, директорка на Клиниката за пулмологија и алергологија.

Би можело да ве интересира

Зголемување над 60 проценти на болни од Ковид-19, регистрирани 271 случај минатата недела

Предраг Петровиќ

Демири го разреши директорот Шокаровски поради висока смртност на Кардиохирургија

Анита Петровска Рајковиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата

Протест на лекарите специјализанти, во тек состанок со претставници на Министерството за здравство

Синдикати бараат новиот министер за здравство да ги потпише анексите усвоени од Влада

Скопјани имаат најголеми, а жителите на Крушево најмали можности за здравствена заштита

Катерина Ѓуровски