Во Металац оптимизам пред гостувањето во Скопје

Од:

Екипата на Металац од Ваљево е следниот противник на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига.

Во таборот на српскиот претставник владее оптимистичко расположение и верба во продолжување на победничката серија.

Тренерот на Металац на прес-конференцијата посветена на овој меч изрази уверување дека во Скопје можат да постигнат позитивен резултат.

– По двете победи во низа расположението во екипата е многу подобрено. Ќе продолжиме со напорна работа. Се подготвуваме за средбата со МЗТ Скопје. Тие се квалитетен тим. Можам да кажам дека МЗТ е институција. Имаат своја сала и армија навивачи, но се надевам дека нема да подлегнеме на атмосферата и дека ќе одиграме добро, истакна предводникот на Металац Владимир Ѓокиќ.

Натпреварот МЗТ Скопје Аеродром – Металац ќе се игра в понеделник од 20 часот и 30 минути во СЦ „Јане Сандански“ и е во рамките на 8.коло од Јадранската лига.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска