Писмена реакција на СДСМ на пишувањата на Курир

Од:

„Ако ВМРО-ДПМНЕ сака да спори за термините “загрозена демократија“, “неевропски вредности“, “непочитување на правото“, тогаш својата реакција нека ја упати до Брисел, бидејќи овие сериозни забелешки, се дел од последниот најдиректен и најкритички Извештај на Европската комисија за Македонија.

И за контролата на власта врз медиумите во Македонија, не зборува само СДСМ, туку најдиректно Европската комисија, како и ОБСЕ/ОДИХР во чијшто Извештај е констатирана пристрасност на најголем дел од медиумите кон власта и изедначено известување од еден неименуван извор.

Брзо ќе стане јасно дали можеби нарачаниот текст на главниот и одговорен уредник на најголем дел од медиумите во Македонија, Курир, има за цел да покрие нешто што Никола Груевски и неговите соработници, тајно, зад целата јавност во Македонија договараат во врска со прашањето за што има задача да спинува денеска Курир“, се вели во писмената реакција на СДСМ.

 

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) СДСМ и ДУИ ја прозваа Владата за величањето на Младиќ: „Обвинителството да постапи“, ВЛЕН е соодговорен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Дата-центрите се иднината на човештвото, вели Мицкоски: Опозицијата користи застарени аргументи

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Апелација да постапи веднаш – „Талир 2“ не смее да заврши со спас на Никола Груевски

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Горан Наумовски